← Psalms (28/150) → |
1. | Кон Тебе, Господи, викам; не биди безгласен кон мене, та да не заприлегам при Твоето молчење на оној што слегува во гроб. |
2. | Чуј го гласот на молитвите мои, кога Ти се молам, кога кревам раце кон Твојот свет храм. |
3. | Не вбројувај ме ме у нечестивци и злосторници, кои со ближните свои говорат за мир, а во срцето имаат зло. |
4. | Подај им, Господи, според нивните дела, според нивните лоши постапки; според делата на нивните раце, подај им го она што го заслужиле. |
5. | Зашто не ги разбраа делата на Господа, ниту делата на рацете Негови; Он ке ги сосипе и нема да ги подигне. |
6. | Благословен Господ, зашто Он го чу гласот на молитвите мои. |
7. | Господ е крепост моја и штит мој; на Него се надеваше срцето мое и Он ми помогна; затоа се зарадува срцето мое и Јас ке го прославувам со сето мое срце. |
8. | Господ е крепост на Својот народ и заштитник за спасението на Својот помазаник. |
9. | Спаси го народот Свој и благослови го наследството Твое; паси ги и издигај ги довека! |
← Psalms (28/150) → |