← Psalms (25/150) → |
1. | Ког Тебе, Господи, ја издигнувам душата своја. |
2. | Боже мој, на Тебе се надевам, да не се посрамам довека, да не ме исмејуваат непријателите мои, |
3. | да не се засрамат оние што се надеваат на Тебе; да се посрамат оние, што вршат беззаконија без причина. |
4. | Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. |
5. | Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение; на Тебе се надевам секој ден. |
6. | Спомни Си ги штедростите Твои, Господи, и милостите Твои, зашто се вечни. |
7. | Гревовите на младоста моја и незнаењето мое не ги споменувај; по милоста Своја сети се на мене, заради Твојата доброта, Господи! |
8. | Благ и праведен е Господ, грешниците ги изведува на пат, |
9. | ги упатува кротките кон правда и ги учи кротките на Своите патишта. |
10. | Сите патишта Господови се милост и вистина за оние, кои го пазат заветот Негов и откровението Негово. |
11. | Заради Твоето име, Господи, прости ми го гревот мој, зашто е голем. |
12. | Кој човек е тој што се плаши од Господа? Нему Он ке му покаже кој пат да избере. |
13. | Неговата душа ке почива во добро, неговото семе ке ја наследи земјата. |
14. | Близок им е Господ на оние што се плашат од Него; ним им го открива заветот Свој. |
15. | Очите мои секогаш се кон Господа, зашто Он ги вади од стапица нозете мои. |
16. | Погледни на мене и смилуј се на мене, зашто сум самотен и во мака. |
17. | Скрбите на срцето мое се умножија; извади ме од невољите мои. |
18. | Погледај ги страдањата и маките мои, па прости ми ги сите гревови мои. |
19. | Погледај ги моите непријатели, колку многу се намножија и колку многу ме мразат. |
20. | Запази ја душата моја и избави ме, за да не се посрамам, зашто на Тебе се надевам. |
21. | Непорочноста и правдаата нејка ме учат, зашто на Тебе се надевам, Господи. |
22. | Избави го, Боже, Израилот од сите невојли негови. |
← Psalms (25/150) → |