← Psalms (24/150) → |
1. | Господова е земјата и она што ја исполнува вселената е се што живее во неа, |
2. | зашто Он ја основа врз морињата, и на реки ја утврди. |
3. | Кој може да излезе на гората Господова и кој ке застне на Неговото свето место? |
4. | Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не се колнел во душата своја напразно и не го спомнувал лажливо името Господово пред ближниот свој, - |
5. | тој ке добие благослов од Господа и милост од Бога, Својот Спасител. |
6. | Таков е родот на оние што Го бараат Господа, кои Го бараат Бога Јаковов! |
7. | Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ке влезе Царот на славата! |
8. | Кој е тој Цар на славата? - Крепкиот и силниот Господ, силниот во војна Господ. |
9. | Подигнете ги, порти, горништата свои, подигнете се, вечни порти, и ке влезе Царот на славата! |
10. | Кој е Царот на славата? - Господ над војските - Он е Цар на славата! |
← Psalms (24/150) → |