← Psalms (22/150) → |
1. | Боже мој, Боже мој, почуј ме; зошто ме остави? Далеку се од спасението мое зборовите со кои па ам во грев. |
2. | Боже мој! Те призивам дење - и Ти не слушаш, и ноке - и нема мир за мене. |
3. | Но Ти живееш во Светилиштето Свое - опкружен со пофалби од Израилот. |
4. | На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави; |
5. | кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија. |
6. | Јас сум црв, а не човек, потсмев за лу ето и презир во народот. |
7. | Сите, што ме гладаа, ми се подбиваа; нишајки ги главите, велеа: |
8. | "Тој се надеваше на Господа, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден." |
9. | Но Ти ме подигна од утробата, стана надеж моја преку млекото мајчино. |
10. | Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог. |
11. | Не отстапувај од мене, зашто невољата е близу, а нема кој да ми помогне. |
12. | Многу телиња ме обиколија, дебели јунци ме опкружија, |
13. | ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и рика. |
14. | Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради. |
15. | Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли. |
16. | Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете. |
17. | Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа; |
18. | ги разделије ме у себе слиштата мои и за облеката моја фрлија жреб. |
19. | Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја! Побрзај ми на помош! |
20. | Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја; |
21. | Запази ме од устите лавовски и од роговите на еднорогите, спаси ја мојата смиреност. |
22. | Kе го објавувам името Твое на браката свои, сред собранието ке Те фалам. |
23. | Вие, што се плашите од Господа, восфалете Го. Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израилево, |
24. | зашто Он не ја презре ниту ја одби молитвата на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав. |
25. | За Тебе е похвалата моја, во великото собрание; ке ги исполнам ветувањата свои пред оние што се плашат од Него. |
26. | Kе јадат сиромасите и ке се најадат, ке го фалат Господа оние што Го бараат; ке живеат срцата нивни довека! |
27. | Kе се сетат и ке се обрнат кон Господа сите земни краишта, и ке се поклонат пред Тебе сите племиња на народите, |
28. | зашто царството е на Господа, и Он е владетел над народите. |
29. | Kе јадат и ке се поконат сите силници на земјата; пред него ке паднат сите што слегуваат во земјата. А душата моја ке живее за Него. |
30. | Потомството мое ке Му служи и ке се наречува Господово довека; |
31. | тоа ке им ја соопштува на лу ето, што ке се родат, правдата Негова, зашто сето тоа Господ го создал. |
← Psalms (22/150) → |