← Psalms (21/150) → |
1. | Господи, со Твојата сила ке се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ке се радува. |
2. | Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли, |
3. | зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења. |
4. | Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков. |
5. | Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие. |
6. | Kе положиш на него вечен благослов, развеселувајки го со радоста на лицето Твое, |
7. | зашто царот се надева на Господа и во милоста на Севишниот не се сомнева. |
8. | Раката Твоја ке ги најде сите Твои непријатели, десницата Твоја ке ги најде сите што Те мразат. |
9. | Кога ке се разгневиш, ке ги направиш како огнена печка; гневот Господов ке ги погуби, и оган ке ги проголта. |
10. | Ти ке го уништиш плодот нивни од земјата, и семето нивно - ме у човечките синови, |
11. | зашто смислија против Тебе зло, се договорија, но не можеа ништо да направат. |
12. | Ти ке ги поставиш како цел, а од Твоите лакови ке пуштиш стрели во лицето нивно. |
13. | Издигни се, Господи, со Твојата сила: ние ке ја воспеваме и ке ја прославуваме Твојата мок. |
← Psalms (21/150) → |