← Psalms (20/150) → |
1. | Нека те услиши Господ во тежок ден, да те заштити името на Бога Јаковов. |
2. | Да ти испрати помош од Светилиштето и од Сион да те поткрепи. |
3. | Нека си спомни за секоја твоја жртва; и сепалениците твои да бидат примени. |
4. | Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни. |
5. | Kе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ке се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби. |
6. | Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница. |
7. | Едни - со коли, други - со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме: |
8. | тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави. |
9. | Господи, спаси го царот и услиши не кога Ти се молиме! |
← Psalms (20/150) → |