Psalms (2/150)  

1. Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
2. Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник.
3. "Да ги раскинеме врските нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни."
4. Оној, Кој живее на небесата, ке им се смее и Господ ке ги исмее.
5. Тогаш во гневот Свој ке им говори и со јароста Своја ке ги збуни:
6. "Јас го помазав Царот Свој на Сион, на Мојата Света Гора."
7. Kе го кажам определението - Господ Ми рече: "Ти си Син Мој, Јас денес Те родив."
8. И побарај од Мане, и ке Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краиштата на замјата - во Твоја власт.
9. Ти ке ги пасеш со желзен жезал; ке ги разбиваш како грнчарски сад."
10. И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни!
11. Служете Му на Господа со страв и радувајте се со трепет.
12. Почитувајте го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не погинете; зашто Неговиот гнев брзо ке се разгори. Блажени се сите, кои на Него се надеваат.

  Psalms (2/150)