← Psalms (19/150) → |
1. | Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески. |
2. | Ден на денот објавува, и нок на нокта знаење открива. |
3. | Нема јазик, ниту, пак говор, во кон не се слуша нивниот глас. |
4. | Нивниот звук се разнесува по целата земја, а нивните зборови до краиштата на вселената. На сонце го поставил Своето живеалиште; |
5. | и излегува како младоженец од брачното легло, се радува како исполин, минувајки по патот свој: |
6. | од крајот на небесета е излезот негов, и патувањето негово до другиот крај; ништо не е сокриено од топлината негова. |
7. | Непорочен е законот на Бога - душите ги укрепува; верно е откровението на Господа - ги учи припростите, |
8. | и Господовите повелби се праведни - го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. |
9. | Стравот Господов е чист - пребива довека; судовите Господови се вистина - сите се праведни; |
10. | поскапи се од злато и од скапоцени камења - послатки се од восочен мед. |
11. | Слугата Твој ги пази; а кој ги пази голема награда добива. |
12. | Кој може да ги согледа своите грешки? И од оние тајни очисти ме, |
13. | и од ту ите запази го слугата Твој, за да не овладеат со мене. Тогаш јас ке бидам непорочен и ке бидам очистен од големите престапи. |
14. | Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој! |
← Psalms (19/150) → |