← Psalms (18/150) → |
1. | Kе Те возљубам, Господи, крепост моја! |
2. | Господ е моја тврдина и прибежиште мое, мој избавител, Бог мој, помошник мој; и ке се надевам на Него; Он е мој заштитник, сила на спасението мое и заштитник мој. |
3. | Kе Го призовувам и ке Го прославувам Господа, и ке се спасам од непријателите свои. |
4. | Смртни маки ме обзедоа, и потоци од беззаконија ме вознемирија; |
5. | пеколни болести ме опколија, смртини стапици ме стегнаа. |
6. | Во притеснение Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Он од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до неговиот слух. |
7. | Се затресе и се разниша земјата; затреперија и од темел се поместија горите, зашто Господ се разгневи; |
8. | се крена дим од гневот Негов и од лицето Негово оган пламна; кој проголтува се; разгорени јагнења отскокаа од Него. |
9. | Ги приклони Он небесата и слезе, - а мрак падна под нозете Негови. |
10. | И седна на херувими, па полета и се понесе на ветерни криља. |
11. | Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе - темна вода во воздушните облаци. |
12. | Од молскање бегаа од Него облаците, градот и огнените јаглења. |
13. | И загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти својот глас: град и разгорени јаглења. |
14. | И ги пушти стрелите Свои и ги расприсна, ги умножи молњите - и ги растури. |
15. | И се појавија извори водни, и се открија основите на вселената од страшниот глас Твој, Господи, од здивот на гневот Твој. |
16. | Он посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води. |
17. | А ке ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене. |
18. | Тие се против мене во денот на мојата несрека, но Господ беше потпора моја. |
19. | Ме изведе Он на пространо место и ме избави, зашто ме засака. |
20. | Ми воздаде Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ме вознагради, |
21. | зашто ги запазив патиштата на Господа и не се оддалечив од мојот Бог; |
22. | оти сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстранив од себе. |
23. | Kе бидам непорочен пред Него и ке се пазам од беззаконија. |
24. | И ке ми воздаде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови. |
25. | Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек - си благ, |
26. | со чистиот - чисто, а со лукавиот - според неговото лукавство, |
27. | зашто Ти ги спасуваш угнетените и гордите ке ги понизиш. |
28. | Оти Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја; |
29. | Ти ке ме избавиш од искушенијата, и со мојот Бог, и sид ке прескочам. |
30. | Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречистени; Он е заштитник на сите, кое се надеваат на Него. |
31. | Зашто, кое е Бог, освен Господа, и кој е Бог освен нашиот Бог? |
32. | Бог е Оној Кој ме препашува со сила и ми поставува непорочен пат; |
33. | ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини; |
34. | ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бакарен лак. |
35. | Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати, и Твоето воспитување ме исправи до крај; и тоа ке ме научи. |
36. | Ти ги рашируваш чекорите мои под мене, и нозете мои не се заморуваат. |
37. | Kе ги гонам непријателите мои и ке ги стигнам, и не се вракам, додека не ги победам; |
38. | ке ги притиснам, и тие не ке можат да опстанат, ке па аат под нозете мои, |
39. | зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги покри пред мене оние, што станаа против мене; |
40. | Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истреби сите они, што ме мразат; |
41. | тие повикаа, но нема кој да ги спаси: и кон Господа, - но Он не ги чу |
42. | ке ги иситнам како прав на ветар, ке ги газам како кал по патиштата. |
43. | Kе ме избавиш од народ бунтовен, ке ме поставиш за поглавар над народ, чии чу е не познавава, и тие сега ке ми служат; |
44. | само по слух за мене ме слушаат ту инците и ми се покоруваат; |
45. | ту инците бледнеат и треперат, излегувајки од своите градови. |
46. | Жив е Господ, и нека е благословен мојот Бог! И нека се превознесува Бог на моето спасение. |
47. | Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите, |
48. | Избавител од моите гневни непријатели! Kе ме возвисиш над оние, што стануваат против мене, и ке ме избавиш од човек неправеден. |
49. | Поради тоа Те исповедам пред народите, Господи, и ке го воспевувам името Твое; |
50. | Ти Кој величествено го спасуваш царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давида и на потомството негово - довека. |
← Psalms (18/150) → |