← Psalms (17/150) → |
1. | Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста. |
2. | Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината. |
3. | Ти го искуша срцето мое, ме посети ноке; со оган ме провери и не нејде неправда во мене. |
4. | Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја чекорев по патиштата тешки. |
5. | Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои. |
6. | Кон Тебе викам, зашто Ти ке ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои. |
7. | Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе - од оние што се противат на Твојата десница. |
8. | Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крила, |
9. | од лицето на нечестивите, кои ме напа аат - од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат: |
10. | тие срцето свое го затворија, наоколу со устата своја - гордо зборуваат. |
11. | Гонејки ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои, за да ме соборат на земја; |
12. | тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во потајни места. |
13. | Стани, Господи, пресретни ги и обори ги; спаси ја душата моја со Својот меч од нечестивиот; |
14. | од оние, Господи, кои ги има малку на земјата - раздели ги во нивниот живот, и од она што е сокриено Твое ке се наполни стомакот нивни; откако се наситија синовите нивни, од вишокот оставија и за децата свои. |
15. | А јас пред лицето Твое ке се покажам во правда, ке се наситам кога ке ми се покаже славата Твоја. |
← Psalms (17/150) → |