← Psalms (16/150) → |
1. | Пази ме Господи, зашто на Тебе се надевам. |
2. | Му реков на Господа: "Ти се Господ мој: моите добра Тебе не ти се потребни. |
3. | На светиите, кои се на земјата Негова, им направи многу добрини и се што сакаат да имаат. |
4. | Се намножија немокта на оние, што одат кон крвави жртви; јас нема да ги принесувам нивните крвави приливи и со устата своја нема да ги спомнам нивните имиња. |
5. | Господ е дел на моето наследство и од чашата моја. Ти си Оној Кој го воспоставува наследството мое. |
6. | Ме ите ми паднаа на најубавото; зашто наследството ми е најубаво. |
7. | Kе го благословувам Господа, Кој ме вразумува; па дури и ноке ме учи мојот внатрешен глас. |
8. | Секогаш Го гледав пред себе Господа, зашто Он е од мојата десна страна, за да не се поколебам. |
9. | Заради тоа се возрадува срцето мое, и воскликна јазикот мој; па дури и телото мое ке почива во надеж, |
10. | оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распа ање. |
11. | Ти ми ги покажа патиштата на животот: со радост ме исполнува Твоето лице; вечно блажеснтво е во Твојата десница. |
← Psalms (16/150) → |