← Psalms (15/150) → |
1. | Господи, кој може да престојува во Твоето живеалиште? Кој може да се настани во Твојата Света Гора? |
2. | Оној, што оди непорочно, што врши правда и во срцето свое говори вистина. |
3. | Кој не клевети со јазикот свој, не прави зло на ближниот свој и не го навредува ближниот свој; |
4. | ништожен е пред него оној што е злобен; Господ ги слави оние, што се бојат од Него; кој кога се колне на својот ближен, не порекнува; |
5. | кој не го дава среброто свое со лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба. |
← Psalms (15/150) → |