← Psalms (149/150) → |
1. | Запејте Му на Господа нова песна; похвала за Него да се чуе во храмот на светиите. |
2. | Нека се весели Израилот на Својот Создател; а синовите на Сион, нека се радуваат на својот Цар. |
3. | Нека го фалат името Негово во оро, со тимпани и со гусли нека Го слават, |
4. | зашто Господ го сака Својот народ и ке ги возвиши кротките, спасувајки ги. |
5. | Kе се развеселат светиите во слава, ке се зарадуваат врз леглата свои. |
6. | Славословија за Бога ке има во устите нивни и двоостер меч - во рацете нивни, |
7. | за да извршат одмазда над народите, за казна над племињата, |
8. | да ги врзат во верига царевите нивни и нивните властелини - со железни окови на рацете; |
9. | да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ке биде славата за сите Негови светии. |
← Psalms (149/150) → |