← Psalms (147/150) → |
1. | Хвалете Го Господа, зашто е добро да Му се пее на нашиот Бог, зашто на Добриот Му прилега похвала. |
2. | Господ го гради Ерусалим и ке ги собере расеаните синови на Израилот. |
3. | Он ги изцелува скрушените по срце и ги преврзува раните нивни. |
4. | Го определува бројот на sвездите и не сите им дава име. |
5. | Велик е Господ наш и голема е силата Негова, а мудроста Негова - неизмерлива е. |
6. | Господ ги прифака смирените, а грешниците ги понижува до земја. |
7. | Пејте Му секогаш славословија на Господа: на гусле пејте Му на Нашиот Бог, |
8. | Кој го покрива небото со облаци, подготвува дожд за земјата, прави да расте трева по горите и растенијата за полза на човекот, |
9. | на добитокот му ја дава храната негова и на малите врани кога гракаат. |
10. | На коњската сила не гледа Он, ниту Му е мила брзината на човечките нозе. |
11. | Господ ги почитува оние, кои се бојат од Него и кои се надеваат на Неговата милост. |
12. | Пофали Го, Ерусалиме, Господа; пофали Го, Сионе, твојот Бог. |
13. | Он ги зацврсти резињата на вратите твои, ги благословува твоите синови во Тебе; |
14. | го утврдува мирот во Твоите предели, со јадра пченица те заситува; |
15. | го испрака на земјата Својот благослов; Неговиот збор брзо оди; |
16. | дава снег како волна; сипува магла како пепел; |
17. | фрла град Свој како залаци; пред Неговиот мраз кој може да устои? |
18. | Kе го испрати благословот, и се се растопува; ке дувне со ветрот Свој, и води потекуваат. |
19. | Он му го кажа благословот Свој на Јакова, Своите наредби и Своите судови на - Израилот. |
20. | на никот друг народ Он не му го направил тоа, и Своите судови ним не им ги јавил. |
← Psalms (147/150) → |