← Psalms (146/150) → |
1. | Фали Го, душо моја, Господа! |
2. | Kе Го фалам Господа додека сум жив; ке Му пеам на мојот Бог додека постојам. |
3. | Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение. |
4. | Излегува духот негов, и тој се врака во земјата своја: во тој ден исчезнуваат сите негови помисли. |
5. | Блажен е ониј, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа, неговиот Бог, |
6. | Кој го создаде небото и земјата, морето и се што е во нив, Кој вечно ја пази вистината, |
7. | Кој врши суд на навредени, им дава леб на гладни; Господ крши окови на затворени. |
8. | Господ им ги отвора очите на слепите, Господ ги исправа подгрбавените, Господ ги сака праведните. |
9. | Господ ги пази придојдените, ги поддржува сираците и вдовиците, а патот на грешниците го разурнува. |
10. | Господ ке царува вечно; твојот Бог, Сионе, е од род в род. |
← Psalms (146/150) → |