← Psalms (145/150) → |
1. | Kе Те превеознесувам, Боже мој, Цару мој, и ке го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови. |
2. | Секој ден ке Те благословувам и ке го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови. |
3. | Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај. |
4. | Од род во род ке се фалат делата Твои и за силата Твоја ке се прикажува. |
5. | За велелепната слава на Твојата светост ке зборуваат и за Твоите чудеса ке известуваат. |
6. | Kе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ке прикажуваат и за Твоето величие. |
7. | Kе ги помнат многуте добрини Твои, и ке се радуваат на Твојата правда. |
8. | Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив. |
9. | Добар е Господ спрема сите, и Неговите штедрости се во сите Негови дела. |
10. | Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои, |
11. | и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја. |
12. | За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство. |
13. | Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела. |
14. | Господ ги придржува сите што па аат и ги подига наведнатите. |
15. | Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме; |
16. | Ти ја отвори ракта Твоја и исполнуваш се што е живо со сите негови потреби. |
17. | Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела. |
18. | Близу е Господ до сите, кои Го признаваат, до сите, кои вистински Го призиваат. |
19. | Он им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува. |
20. | Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ке ги истреби. |
21. | Устата моја ке искаже похвала на Господа; секое тело нека го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови. |
← Psalms (145/150) → |