← Psalms (144/150) → |
1. | Нека е благословен Господ, Бог мој, Кој ги учи рацете мои за борба и прстите мои за војна. |
2. | Он е милост моја и прибежиште мое, мој застапник и избавител мој - и јас на Него се надевам. Он ми го потчинува мојот народ мене. |
3. | Господи, што е човекот, па внимаваш на него, или син човечки - та да се секаваш на него. |
4. | Човекот е како здив; дните негови одминуваат како сенка. |
5. | Господи, приклони ги небесата Свои и слези; допри се до горите, и тие ке се здимат; |
6. | болсни со молњи и ке ги растераш, пушти ги стрелите Свои и ке ги збуниш; |
7. | подај ја раката Твоја од височини, изведи ме и избави ме од многуте води, од рацете на ту ински синови, |
8. | чии усти кажуваат суета и чија десница е десница на неправдата. |
9. | Боже, нова песна ке Ти испеам, ке Ти свирам на харфа со десет жици. |
10. | Ти им даруваш спасение на царевите, Ти го избави Твојот слуга Давида од остар меч. |
11. | Избави ме и отми ме од рацете на ту инските синови, чии усти лага говореа и чија десница е десница на неправдата. |
12. | синовите наши се како нови насади во младоста своја, нашите керки се накитени и украсени како столбови во храмот. |
13. | Полни се житниците наши, во изобилите со секаква храна; се плодат овците наши по пасиштата свои. |
14. | И воловите ни се угоени, па нема па ање не оградите, ни премин, ниту офкање по улиците наши. |
15. | Блажен е оној народ, велат лу ето, кој го има тоа! Блажен е оној народ, на кого Господ му е Бог! |
← Psalms (144/150) → |