← Psalms (143/150) → |
1. | Господи, услиши ја молитвата моја, чуј го молењето мое поради Твојата вистина; услиши ме поради Твојата правда |
2. | и не стапувај во суд со Твојот слуга, зашто пред Тебе нема да се оправда ниту еден од живите. |
3. | Непријателот ја прогонува душата моја, го понизил животот мој дури до земјата, ме остави во темнина како оние кои се одамна умрени; |
4. | опадна духот мој во мене, се вознемири во мене срцето мое. |
5. | Се сетив на дамнешните дни и размислував за сите Твои дела, расудував за делата на Твоите раце. |
6. | Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја. |
7. | Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвракај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб. |
8. | Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја. |
9. | Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав. |
10. | Научи ме да ја исполнувам вољата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. |
11. | Заради Твоето име, Господи, ке ме оживиш; поради Твојата правда - ке ја избавиш од невоља душата моја. |
12. | Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој. |
← Psalms (143/150) → |