← Psalms (142/150) → |
1. | Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Господа. |
2. | Kе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ке ја кажам. |
3. | Кога изнемоштуваше духот мој, Ти ја знаеше мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. |
4. | Се обsирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познаваше: немаше каде да избегам; никој не се грижеше за душата моја. |
5. | Повикав кон тебе, Господи, и реков: "Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. |
6. | Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу; избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене. |
7. | Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Мене ке ме чекаат праведните, додека не ме повратиш." |
← Psalms (142/150) → |