← Psalms (141/150) → |
1. | Господи, кон Тебе повикав: услиши ме, чуј го гласот на молењето мое, кога повикувам кон Тебе! |
2. | Нека се исправи пред Тебе молитвата моја како темјан, а воздигањето на рацете мои - како жртва вечерна. |
3. | Постави, Господи, стража пред устата моја и врата на усните мои; |
4. | не давај да застрани срцето мое кон зборовите лукави, да врши грешни дела заедно со лу ето, кои вршат беззаконија; јас нема да се здружам со нивните избраници. |
5. | Преведникот нека ме казнува - тоа е милост; нека ме изобличува, не не давај елеј на грешник да ја помаже главата моја; зашто и молитвата моја се противи на нивната злоба. |
6. | Судиите нивни, кога ке се распрснат по стрмни камења, ке се чујат зборовите мои, зашто се пријатни. |
7. | Како кога грутка земја ке падне се растура, така се растурија коските наши во пеколот. |
8. | Но кон Тебе, Господи, Господи, се управени очите мои; на Тебе се надевам, не одземај ја душата моја! |
9. | Запази ме од стапиците што ми ги поставија, и од соблазната на оние што вршат беззаконија. |
10. | Грешиците нека паднат во своите мрежи, само јас ке поминам. |
← Psalms (141/150) → |