← Psalms (140/150) → |
1. | Спаси ме, Господи, од лукав човек и избави ме од неправеден човек; |
2. | тие смислија зло врз срцето свое, секој ден се подготвуваат за борба; |
3. | ги изострија јазиците свои како змија; под устите им е аспидин отров. |
4. | Запази, ме, Господи, од рацете на грешник. Избави ме од лу е неправедни, кои смислија да ми подметнат нога. |
5. | Горделивите тајно поставија стапица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија соблазна. |
6. | Јас Му реков на Господа: Ти си Бог мој: услиши го, Господи, гласот на моето молење. |
7. | Господи, Господи, сило на моето спасение! Ти, Кој во денот на битката ја засолни главата моја, |
8. | не предавај ме, Господи, на грешникот против мојата желба; не давај да постигнат, што намислија за да не се возгордеат. |
9. | Главата своја да не ја подигнат оние што ме опколија, нека падне врз нив злобата на нивната сопствена уста. |
10. | Нека паднат врз нив жарени јаглења; да бидат фрлиени во оган, па од маките да не станат. |
11. | Човек иноверец нема да се одрже на земјава; злото ке го одвлече неправедниот човек во погибел. |
12. | Разбрав дека Господ ке покаже правда за угнетените и милост за сиромасите. |
13. | Да, праведниците ке ги исповедаат името Твое, и непорочните ке се населат пред лицето Твое. |
← Psalms (140/150) → |