← Psalms (14/150) → |
1. | Рече безумниот во срцето свое: "Нема Бог." Се развратија лу ето, извршија гнасни дела, нема кој да прави добро. |
2. | Господ погледна од небесата со внимание кон синовите човечки, за да види, има ли кој Го разбира и Го бара Бога. |
3. | Сите се застрашија, сите станаа лоши, нема кој да прави добро, нема дури ниеден. |
4. | Зар нема да се вразумат сите, што вршат беззаконие, кои така го јадат народот Мој, како што јадат леб, и кои не го призовуваат Господа. |
5. | Таму ке се уплашат тие од страв, каде што нема страв, зашто Господ е во родот на праведните. |
6. | Вие се подигрувате со сиромашниот, но Господ е негова надеж. |
7. | Кој ке му даде од Сион спасение на Израилот? Кога Господ ке ги врати заробените од Својот народ, тогаш нека се зарадува Јаков, и нека се развесели Израилот. |
← Psalms (14/150) → |