← Psalms (139/150) → |
1. | Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш. |
2. | Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалку ги разбираш мислите мои. |
3. | Патеката моја и јажето мое - Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел. |
4. | Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веке ги знаеш: |
5. | Се што ми било и се што ке биде. Зашто Ти си ме создал и си ја положил раката Своја врз мене. |
6. | Се восхитувам на Твоето знаење, - тое е превисоко, не можам да му пријдам! |
7. | каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам? |
8. | Ако излезам на небото - Ти си таму; ке слезам ли во пеколот, Ти си и тука. |
9. | Ако ги земам криљата рано в зори и се преселам на крајот од морето, - |
10. | и таму ке ме води Твојата рака, Твојата десница ке ме држи. |
11. | Па си реков: можеби темнина ке ме покрие, но и нокта е како светлина околу мене; |
12. | но и темнината нема да биде темнина за Тебе; и нокта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина. |
13. | Зашто Ти си ја создал мојата внатрешниот и ме прифати од мајчината ми утроба. |
14. | Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава. |
15. | Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, што си ја создал тајно, и природата моја во длабините на земјата. |
16. | Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја се е запишано за мене, дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден. |
17. | Твоите пријатели во голема се чест, Боже, и нивните владенија добро се зацврстени. |
18. | Kе ги пребројам - но тие се побројни и од песокта; се разбудив и се уште сум со Тебе. |
19. | Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци! |
20. | Ревниви се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели. |
21. | Зар не ги замразив оние. Господи, кои Тебе те мразат, и зар не се изедов поради непријателите Твои? |
22. | Со полна омраза ги замразив; тие ми станаа непријатели. |
23. | Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои; |
24. | и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат. |
← Psalms (139/150) → |