← Psalms (138/150) → |
1. | Kе Те славам Тебе, Господи, со сето срце свои и ке Ти пеам пред ангелите Твои, затоа што ги услиша сите зборови на устата моја. |
2. | Се поклонувам пред светиот Твој храм и го славам името Твое за милоста Твоја и за вистината Твоја, зашто го возвеличи името Свое свето над се. |
3. | Во оној ден кога ке Те призивам, услиши ме брзо, внеси бодрост во душата моја. |
4. | Kе Те прославуваат, Господи, сите земни цареви, штом ке ги чујат зборовите од Твојата уста, |
5. | и ке воспеваат за патиштата Господови, зашто е голема славата Господова. |
6. | Зашто возвишен е Господ: и смирениот го гледа, а горделивиот оддалеку го познава. |
7. | Кога ке се најдам во тага - Ти живот ми даваш, ја пружаш раката врз јароста на моите непријатели и Твојата десница ме спасува. |
8. | Господ ке направи што е добро за мене! Твојата милост, Господи, е вечна; делата на рацете Свои не презирај ги! |
← Psalms (138/150) → |