← Psalms (137/150) → |
1. | Крај реките вавилонски - таму седевме и плачевме, кога ке се сетевме на Сион; |
2. | на врбите, среде Вавилон, ги закачивме нашите харфи. |
3. | Зашто таму, оние што не заробија и кои не одведоа, побараа од нас радосна песна, велејки ни: "Пејте ни од песните сионски!" |
4. | Како да зепееме Господова песна на ту а земја? |
5. | Ако Те заборавам тебе, Ерусалиме, - нека ме заборави мојата десница, |
6. | нека се залепи јазикот мој за непцето мое, ако не те помнам, ако не го поставам Ерусалим над секоја моја радост. |
7. | Сети се, Господи, на синовите Едомови, во денот на Ерусалим, кога тие говореа: "Разрушете, разрушете го до темелите негови!" |
8. | Kерко вавилонска, опустошителко, блажен е оној, што ке ти врати за делото што ни го направи! |
9. | Блажен е ониј што ке ги заграби и ке ги разбие од камен децата твои. |
← Psalms (137/150) → |