← Psalms (136/150) → |
1. | Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. |
2. | Славете Го Бога на боговите, зашто е вечна милоста Негова. |
3. | Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милоста Негова, |
4. | Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова; |
5. | Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова; |
6. | Кој ја утврди земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова; |
7. | Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста негова; |
8. | сонцето - да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова; |
9. | месечината и sвездите - да управуваат со нокта, зашто е вечна милоста Негова. |
10. | Кој го порази Египет и провородените негови, зашто е вечна милоста Негова; |
11. | Кој го изведе Израилот од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова; |
12. | со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова; |
13. | Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова; |
14. | и го преведе Израилот среде него, зашто е вечна милоста Негова; |
15. | а Фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова. |
16. | Кој го преведе својот народ преку пустињата, зашто е вечна милоста Негова; Кој пушти вода од шилчеста крапа, зашто е вечна милоста Негова; |
17. | Кој ги порази големите цареви, зашто е вечна милоста Негова; |
18. | и ги погуби силните цаерви, зашто е вечна милоста Негова; |
19. | Сион, царот аморејски, зашто е вечна милоста Негова; |
20. | и Ог, царот васански, зашто е вечна милоста Негова; |
21. | и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова. |
22. | во наследство на Својот слуга, Израилот, зашто е вечна милоста Негова; |
23. | Кој се секава на нас во нашата смиреност, зашто е вечна милоста Негова; |
24. | и не избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова; |
25. | и Кој дава храна на секое тело, зашто е вечна милоста Негова. |
26. | Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова. Хвалете Го Господарот на господарите, зашто е вечна милоста Негова. |
← Psalms (136/150) → |