← Psalms (132/150) → |
1. | Сети се, Господи, на Давида и на сета негова смиреност, |
2. | како што се заколна пред Господа, и Му вети на Јакововиот Бог: |
3. | "Нема да влезам под шаторот на домот свој, и нема да легнам на леглото мое; |
4. | нема да им дадам сон на очите мои, ни дремка на ве ите мои, ниту одмор на слепоочниците мои, |
5. | додека не најдам место за Господа, дом за Јакововиот Бог." |
6. | Ете, ние чувме дека е во Ефрат, го најдовме во дубравите; |
7. | да влеземе во неговиот дом, да се поклониме пред местата каде што стојат нозете негови. |
8. | Стани, Господи, дојди во местото каде што е Твојата почивка, Ти и светиот ковчег Твој. |
9. | Твоите свештеници нека се облечат во правда; Твоите светии нека се зарадуваат. |
10. | Поради Давида, Твојот слуга, не одвракај го лицето Свое од Твојот помазаник. |
11. | Му се заколна Господ на Давида во вистината, и од неа нема да се откаже: "Од плодот на твојата утроба ке поставам на престолот твој. |
12. | Ако твоите синови го пазат Мојот завет и моите сведоштва, на кои ке ги научам, тогаш и синовите нивни ке седат на твојот престол." |
13. | Затоа Господ го избра Сион, Му омиле да живее во него. |
14. | "Тоа е моето одмориште засекогаш: тука ке се населам, бидејки многу го засакав. |
15. | Kе го благословувам и преблагословувам трудот негов сиромасите негови со леб ке ги наситувам; |
16. | свештениците негови ке ги облечам во спасение, и светиите негови радосно ке воскликнуваат. |
17. | Таму ке кренам рог за Давида, му подготвив светилник на Мојот помазаник. |
18. | Непријателите негови ке ги облечам во срам, а на него ке процути светоста Моја." |
← Psalms (132/150) → |