← Psalms (130/150) → |
1. | Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи. |
2. | Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, - |
3. | Господи, ако гледаш на беззаконијата, - тогаш кој ке се одржи, Господи? |
4. | Но во Тебе има простување. |
5. | Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор; |
6. | душата моја се надеваше на Господа: Од утрената стража па до нокната, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа. |
7. | Зашто милоста е во Господа и голем е откупот во Него. |
8. | И Он ке го избави Израилот од сите негови беззаконија. |
← Psalms (130/150) → |