← Psalms (125/150) → |
1. | Кои се надеваат во Господа, тие се како гората Сион; кој живее во Ерусалим, нема да се поколеба, ке живее вечно. |
2. | Околу Ерусалим има гори, а Господ е околу својот народ отсега и засекогаш. |
3. | Зашто Господ нема да го остави жезлото на грешниците врз земјата на праведните, за да не ги посегаат праведниците рацете свои кон беззаконие. |
4. | Гопсоди, направи им добро на добрите и на оние со чисто срце. |
5. | А оние што свртуваат кон крив пат, нив Господ ке ги одведе со оние што вршат беззаконие. Мир на Израилот! |
← Psalms (125/150) → |