← Psalms (123/150) → |
1. | Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој живееш на небесата. |
2. | Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката - кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господа, нашиот Бог, се додека не се смилува. |
3. | Смилуј се на нас, Господи, смилуј се, зашто многу сме понизени со презир; |
4. | зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од понижување на горделивите. |
← Psalms (123/150) → |