← Psalms (121/150) → |
1. | Ги кренав очите кон горите; од каде помош ке ми пристигне? |
2. | Мојата помош е од Господа, Кој ги создаде небото и земјата. |
3. | Он нема да дозволи да се помести ногата твоја; нема да задреме Оној, Кој те пази; |
4. | не дреме и не спие Оној, Кој го пази Израилот. |
5. | Господ е Твој чувар; Господ е твоја закрила од кај твојата десна рака. |
6. | Сонцето дење нема да те гори, ниту месечината ноке ке ти штети. |
7. | Гопсод ке те запази од секакво зло и ке ја чува душата твоја. |
8. | Господ ке го пази излегувањето твое и влегувањето твое отсега и довека. |
← Psalms (121/150) → |