← Psalms (12/150) → |
1. | Спаси ме, Господи, зашто не остана праведен, зашто се намалија верните ме у синовите човечки. |
2. | Суета му кажуваат секој на ближниот свој; од дволично срце устите зборуваат лага. |
3. | Нека ги истреби Господ сите соблазниви усти и јазик што се возвеличува; |
4. | оние што зборуваат: "Јазикот свој ке го величаме; устата ни е со нас; кој е господар над нас?" |
5. | "Заради страдањата на сиромасите и офкањата на бедните ке се кренам сега - вели Господ - ке го спасам оној, кому сакаат да му напакостат." |
6. | Зборовите на Господа се зборови чисти, сребро во оган исчистено од земја, седумпати пречистено. |
7. | Ти, Господи, ке не одбраниш и ке не запазиш од овој род и довека. |
8. | Нечестивите одат наоколу; според возвишеноста Своја многу си им допуштил на синовите човечки. |
← Psalms (12/150) → |