← Psalms (119/150) → |
1. | Блажени се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. |
2. | Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од се срце Го бараат. |
3. | Оние кои не вршат беззаконие, тие одат по Неговите патишта. |
4. | Ти заповеда да се пазат Твоите заповеди. |
5. | О, да се беа управиле моите патишта за да ги чувам Тавоите заповеди! |
6. | Тогаш немаше да се засрамам, гледајки ги сите Твоие заповеди. |
7. | Kе Те славам Господи со чисто срце, кога ке ги научам Твоите праведни судови. |
8. | Kе ги пазам Твоите заповеди; не оставај ме сосема. |
9. | Како младичот ке го запази во чистота патот свој? - Ако ги пази зборовите Твои. |
10. | Со сето срце мое Те побарав, не отстранувај ме од Твоите заповеди. |
11. | Ги сокрив во срцето свое заповедите Твои, за да не грешам пред Тебе. |
12. | Благословен си Ти, Господи! Научи ме на Твоите наредби. |
13. | Со устата своја ги разгласив сите судови од устата Твоја. |
14. | По патот на Твоите сведоштва се насладувам како во секое богатство. |
15. | Kе размислам за Твоите заповеди и ке го разберам патот Твој. |
16. | Од наредбите Твои ке се поучувам, нема да ги заборавам Твоите зброви. |
17. | Покажи милост кон Твојот слуга, и ке живеам и ке ги пазам Твоите зборови. |
18. | Отвори ги очите мои, и ке ги разберам чудесата од Твојот закон. |
19. | Придојден сум на земјава, не сокривај ги од мене Твоите заповеди. |
20. | И копнее душата моја во секое време да ги сака Твоите судови. |
21. | Им се закани на горделивите; проклети да се оние, кои се отконуваат од Твоите заповеди. |
22. | Отстрани го од мене прекорот и презирот, зашто ги засакав Твоите сведоштва. |
23. | Кнезовите седат и ме клеветаат, и Твојот слуга размислува за Твоите наредби. |
24. | Сведоштвата, пак, Твои се поука моја, а наредбите Твои - советници. |
25. | Душата моја лежи во прав: оживи ме според зборот Твој. |
26. | Патиштата мои ги кажав, и Ти ме чу; научи ме на Твоите наредби. |
27. | Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби и јас ке размилувам за Твоите чудеса. |
28. | Душата моја засолзи од тага, зацврсти ме со зборовите Твои. |
29. | Отстрани го од мене патот на неправдата и помилуј ме со законот Твој. |
30. | Го избрав патот на вистината, и не ги заборавив Твоите судови. |
31. | Се приврзав за сведоштвата Твои, Господи: не ме посрамувај. |
32. | Kе побрзам по патот на Твоите заповеди, кога ке го рашириш срцето мое. |
33. | Покажи ми го, Господи, патот на Твоите наредби и ке се придржувам за нив до крај. |
34. | Вразуми ме, и ке се држам за законот Твој и ке го пазам со сето срце свое. |
35. | Постави ме на патеката на Твоите заповеди, зашто многу ја засакав. |
36. | Приклони го срцето мое кон Твоите сведоштва, а не кон лакомства. |
37. | Сврти ги очите мои за да не гледам суета: оживи ме на Својот пат. |
38. | Во слугата Свој внеси збор Свој за да се бои од Тебе. |
39. | Отстрани го од мене прекорот, од кој се плашам, зашто Твоите судови се благи. |
40. | Ете, ги засакав Твоите заповеди: Оживи ме според Својата правда. |
41. | И нека милоста Твоја, Господи, пријде на мене, и спасение од Тебе според зборовите Твои, - |
42. | и јас ке им одговорам на оние што ме навредуваат, зашто се надевам на зборовите Твои. |
43. | Не одземај го сосема од устата моја словото на вистината, зашто јас се надевам на Твоите судови. |
44. | И ке го чувам Твојот закон засекогаш и во веки веков. |
45. | Kе одам слободно, зашто ги барам Твоите заповеди. |
46. | И ке зборувам за сведоштвата Твои пред царевите, и нема да се посрамам; |
47. | и ке се поучувам на Твоите заповеди, кои многу ги засакав; |
48. | ке ги протегнам рацете свои кон Твоите заповеди, кои ги возљубив, и ке размислувам за Твоите наредби. |
49. | Внуши слово кон Твојот слуга, со кое си му дал надеж. |
50. | Таа ме утешува во невољата моја, оти Твоето слово ме оживува. |
51. | Горделивите го престапија законот многу, но јас не се остртранив од Твоите закони. |
52. | Се сетив за Твоите вечни судови, Господи, и се утешував. |
53. | Тага ме обзема од грешниците што го напуштаат Твојот закон. |
54. | Наредбите Твои ми беа песна кога патувам во некое место. |
55. | Ноке го споменувам името Твое, Господи, и го пазам законот Твој. |
56. | Он стана мој, зашто ги пазам Твоите заповеди. |
57. | Дел мој си Ти, Господи, - си реков - ке го пазам законот Твој. |
58. | Му се помолив на лицето Твое од се срце: помилуј ме, според словото Твое. |
59. | Размислувам за Твоите патишта и ги свртувам нозете мои кон Твоите сведоштва. |
60. | Се подготвив и не се збунив да ги запазам Твоите заповеди. |
61. | Замки од грешници ме опкружија, но јас не го заборавив Твојот закон. |
62. | На полнок станував да те величам поради Твоите праведни судови. |
63. | Јас сум ме у оние, што се бојат од Тебе и кои ги пазат Твоте наредби. |
64. | Со Твојата милост, Господи, земјата е полна; научи ме на Твоите наредби. |
65. | Добрини си му направил, Господи, на Твојот слуга според Твоето слово. |
66. | Научи ме на добро и на разумно, зашто верувам на Твоите наредби. |
67. | Пред моето страдање јас прегрешив; а сега го пазам Твојот збор. |
68. | Ти си добар, Господи, и поради добрината Твоја научи ме на Твоите наредби. |
69. | Се зголеми неправдата од гордите врз мене, но јас од се срце ке ги пазам Твоите заповеди. |
70. | Се засири срцето мое како млеко; но јас се утешувам со Твојот закон. |
71. | Добро ми е што ме смири, за да се научам на Твоите наредби. |
72. | Законот на Твојата уста за мене е подобар отколку иљадници злато и сребро. |
73. | Твоите раце ме создадоа и изградија: вразуми ме, и ке се научам на Твоите заповеди. |
74. | Оние, кои се бојат од Тебе, кога ке ме видат ке се зарадуваат, затоа што се надевав на Твоите зборови. |
75. | Знам, Господи, дека Твоите судиви се праведни, и според справедливоста Твоја Ти ме казни. |
76. | Па нека ми биде милоста Твоја утеха, според Твоето слово кон Твојот слуга. |
77. | Нека пријде на мене Твојата штедрост, и јас ке живеам, зашто законот Твој е утеха моја. |
78. | Нека се посрамат горделивите, зашто неправедно и без вина ме обвинуваат. |
79. | Нека се обрнат кон мене, они што се плашат од Тебе и кои ги знаат Твоите сведоштва. |
80. | Нека биде срцето мое непорочно во Твоите наредби, та да не се посрамам. |
81. | Копнее душата моја за Твоето спасение; јас се надевав на Твоите зборови. |
82. | Очите мои попуштија од желба за Твоето слово велејки: кога ке ме утешиш? |
83. | Зашто станав како мев на мраз, но Твоите наредби не ги заборавив. |
84. | Колку се дните на Твојот слуга? Кога ке извршиш суд над моите гонители? |
85. | Законопрестапниците се подигруваат со мене спротивно на Твојот закон. |
86. | Сите Твои заповеди се вистина. Неправедно ме гонат: помогни ми! |
87. | За малку ке ме убиеја на земјата, но јас не ги оставив Твоите заповеди. |
88. | Споерд Твојата милост оживи ме, и јас ке ги пазам сведоштвата од Твојата уста. |
89. | Твоето слово, Господи, е засекогаш утврдено на небото; |
90. | Твојата вистина е од род во род. Ти си ја поставил земјата, и таа стои. |
91. | Според Твоја воља постои денот. Се што постои, Тебе ти служи. |
92. | Да не беше Твојот закон утеха за мене, јас ке загинев во невољата своја. |
93. | Никогаш нема да ги заборавам Твоите наредби, зашто преку нив ме оживуваш. |
94. | Твој сум јас, спаси ме, зашто ги барав Твоите наредби. |
95. | Грешниците настојуваа да ме убијат, но јас ги разбрав сведоштвата Твои. |
96. | Го видов крајот на секое совршенство, но Твоите заповеди се безгранични. |
97. | Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него. |
98. | Со својата заповед Ти ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. |
99. | Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука. |
100. | Поумен станав од старците, зашто ги сакам Твоите заповеди. |
101. | Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое. |
102. | Од твоите судови нема да се откажам, зашто Ти ме учиш. |
103. | Колку се слатки за глото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја. |
104. | Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда. |
105. | Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја. |
106. | Се заколнав и реков да ги пазам Твоите праведни судови, и ке ги исполнувам. |
107. | Многу сум нажален, оживи ме, Господи, поради Твоето слово. |
108. | Затоа, благослови, Господи, да примиш доброволна жртва од мојата уста, и научи ме на Твоите судови. |
109. | Душата ми е постјано во Твојата рака, но Твојот закон не го заборавив. |
110. | Грешниците ми поставија замка, но јас не се отстранив од Твоите заповеди. |
111. | Твоите сведоштва ги примив како вечно наследство, зашто тие се голема радост за срцето мое. |
112. | Го натерав срцето свое да ги извршува наредбите Твои како вечно оправдание. |
113. | Престапниците на законот ги замразив, но Твојот закон го сакам. |
114. | Ти си мој помошник и мој заштитник: на Твојата слава се надевам. |
115. | Иставете се од мене беззаконици, за да ги испитам заповедите на мојот Бог. |
116. | Застапи се според Твоето слово, и јас ке живеам; не посрамувај ме во надежта моја; |
117. | помогни ми, и ке се спасам: и во Твоите наредби постојано ке се учам. |
118. | Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите наредби, зашто нивните мисли се неправедни. |
119. | Сите грешници земни ги сметам како престапници, затоа засекогаш ги засакав Твоите сведоштва. |
120. | Од страв пред Тебе трепери телото мое, и од Твоите судови се плашам. |
121. | Јас вршев суд и правда; не предавај ме на оние што ми чинат неправда. |
122. | Прими го Твојот слуга за негово добро, та да не ме клеветат горделивите. |
123. | Очите ми копнеат, очекујки го спасението од Тебе, и словото на Твојата правда. |
124. | Постапи со Твојот слуга според милоста Своја и научи ме на Твоите наредби. |
125. | Слуга Твој сум јас: вразуми ме и ке ги познаам сведоштвата Твои. |
126. | Време е, Господи, да се дејствува: Твојот закон го разурнаа. |
127. | Затоа ги засакав заповедите Твои и од топаз и од злато повеке. |
128. | Затоа се управував според сите Твои заповеди и патот на неправдата го замразив. |
129. | Прекрасни се Твоите сведоштва: затоа душата моја ги испитуваше. |
130. | Објавувањето на Твоите зборови ги просветува и вразумува младите. |
131. | Ја отворив устата моја и воздивнав, зашто жеден сум за Твоите заповеди. |
132. | Погледај кон мене и помилуј ме, како што се постапува со оние, кои го сакаат Твоето име. |
133. | Утврди ги стапките мои според Твоето слово и не допушти со мене да овладее никакво беззаконие. |
134. | Избави ме од човечко клеветење и ке ги пазам Твоите заповеди, |
135. | озари го Твојот слуга со светлината на лицето Твое, и научи ме на Твоите заповеди. |
136. | Од очите мои потоци извори солзи, зашто не го запазив Твојот закон. |
137. | Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди. |
138. | Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и вечна вистина. |
139. | Ревноста моја ме јаде, зашто непријателите мои ги заборавија Твоите слова. |
140. | Твоето слово е многу чисто, и Твојот слуга го сака. |
141. | Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавив. |
142. | Твојата правда е вечна правда, и Твојот закон е вистина. |
143. | Скрб и мака ме обзедоа; Твоите заповеди се моја поука. |
144. | Правдата на Твоите сведоштва е вечна; вразуми ме, и ке живеам. |
145. | Те призивам со сето срце мое, услиши ме, Господи, - и ке ги пазам наредбите Твои. |
146. | Тебе Те повикувам: спаси ме, па ке ги пазам Твоите слова. |
147. | Ја испреварувам зората и викам: на Твоето слово се надевам. |
148. | Очите мои се отворија пред утринската стража, за да се поучам на Твоите слова. |
149. | Чуј го мојот глас, според милоста Своја, Господи; според Твојот суд оживи ме. |
150. | Се приближија оние, што сакаат беззаконие; од законот Твој тие се оддалечија. |
151. | Близок си Ти, Господи, и сите Твои заповеди се вистина. |
152. | Одамна знам за твоите сведоштва, кои си ги утврдил засекогаш. |
153. | Погледај на мојата потиштеност и избави ме, зашто не го заборавив Твојот закон. |
154. | Пресуди според мојата правда и заштити ме; заради словото Твое оживи ме. |
155. | Далеку е спасението од грешниците, зашто тие не ги побараа Твоите наредби. |
156. | Голема е Твојата милост, Господи, според Твојот суд оживи ме. |
157. | Многумина ме гонеа и мачеа, но од Твоите сведоштва јас не отстапив. |
158. | Видов неразумни и тешко ми беше, зашто словата Твои не ги запазија. |
159. | Гледаш како ги засакав заповедите Твои, оживи ме, Господи, поради Твојата милост. |
160. | Вистината е основа на Твоите слова; и вечен е секој суд на Твојата праведност. |
161. | Кнезовите ме гонеа без вина, но срцето мое се уплаши само од Твоите зборови. |
162. | Се радувам на Твоето слово, како оној кој нашол големо благо. |
163. | Ја замразив неправдата и се гнасам од неа; а Твојот закон го засакав. |
164. | Седумпати на ден Те прославувам за судовите на Твојата правда. |
165. | Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна. |
166. | Го чекав спасението од Тебе, Господи, и Твоите заповеди ги засакав. |
167. | Душата моја ги пази Твоите сведоштва, и јас многу ги засакав. |
168. | Ги пазам Твоите заповеди и Твоите сведоштва, зашто сите мои патишта се пред Тебе, Господи. |
169. | нека се приближи пред Тебе молбата моја, Господи; вразуми ме според Твоите зборови. |
170. | Нека барањето мое дојде пред Тебе; избави ме според Твоето слово. |
171. | Од устата моја нека се произнесе похвала, кога ке ме научиш на Твоите наредби. |
172. | Јазикот мој нека ги разгласи Твоите зборови, зашто сите Твои заповеди се праведни. |
173. | Нека ми биде Твојата рака на спасение, зашто Твоите заповеди ги избрав. |
174. | Копнеев, Господи, за спасение од Тебе и Твојот закон е мојата поука. |
175. | Kе живее душата моја и ке Те слави; и Твоите судови нека ми помогнат. |
176. | Се заблудив како загубена овца: побарај го Твојот слуга, зашто не ги заборавив Твоите заповеди. |
← Psalms (119/150) → |