← Psalms (118/150) → |
1. | Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста Негова е вечна. |
2. | Нека каже сега домот Израилев дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна. |
3. | Нека рече сега домот Аронов: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна. |
4. | Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господа: дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна. |
5. | Кога бев на мака, Го призвав Господа и ме услиши и на ширина ме изведе. |
6. | Господ е мој помошник, нема да се уплашам: што може да направи човек? |
7. | Господ ми е помошник: и јас слободно ке гледам на непријателите мои. |
8. | Подобро е да се надевам на Господа, отколку да се надевам на човек. |
9. | Подобро е да се надевама на Господа, отколку да се надеваме на кнезовите. |
10. | Сите народи ме опколија, но со името Господово јас ги разбив; |
11. | ме опседнаа, ме обиколија, но со името Господово јас ги победив. |
12. | Ме опкружија како пчели околу сотка, па се запалија како оган во трње: со името Господово јас им се противставив. |
13. | Ме турнаа силно, за да паднам, но Господ ме прифати. |
14. | Господ е крепост моја и песна; Он стана мое спасение. |
15. | Глас на радост и на спасение се слуша во домовите на праведните; десницата на Господа дава сила! |
16. | Десницата Господова ме возвишува, десницата Господова дава сила. |
17. | Нема да умрам, но ке живеам и ке ги разгласувам делата Господови. |
18. | Господ строго ме казни, но на смрт не ме предаде. |
19. | Отворете ми ја вратата на правдата: ке влезам во неа, ке го прославувам Господа. |
20. | Ете, тоа е вратата Господова, праведните влегуваат низ неа; |
21. | ке Те славам, зашто ме услиши и стана спасение мое. |
22. | Каменот, што го отфрлија sидарите, стана глава на аголот. |
23. | тоа е од Господа, и е прекрасно во очите наши. |
24. | Овој ден е што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. |
25. | О, Господи, спаси! О, Господ, побрзај! |
26. | Нека е благословен оној, кој оди во името на Господа! Ве благословуваме од домот Господов. |
27. | Бог е Господ и ни се јави; образувајте празнична придружба до роговите на жртвеникот. |
28. | Бог мој си Ти и Тебе ке те славам; Бог мој си Ти и Тебе ке те превознесувам. Kе те прославувам, зашто Ти ме услиши и стана мое спасение. |
29. | Славете го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста му е вечна. |
← Psalms (118/150) → |