← Psalms (116/150) → |
1. | Се радувам, дека Господ ке го услиши гласот на моето молење, |
2. | зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ке Го призивам преку сите мои дни. |
3. | Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во невоља и мака. |
4. | Тогаш го повикав името Господово: О, Господи, избави ја душата моја! |
5. | Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог. |
6. | Господ ги пази слабите: бев во мака и Он ми помогна. |
7. | Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ добро ти прави, |
8. | бидејки душата моај ја истргна од смрт, очите мои - од солзи, и нозете мои - од сопнување. |
9. | Kе одам со благодарност пред лицето на Господа во земјата на живите. |
10. | Поверував и затоа реков: во голема мака сум. |
11. | Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец. |
12. | Што да му дадам на Господа за сите негови добрини што ми ги направи мене? |
13. | Kе земам чаша на спасение и името на Господа ке го призовам. |
14. | Заветите ке Му ги упатам на Господа пред целиот Негов народ. |
15. | Скапа е во очите на Господа смртта на неговите светии. |
16. | О, Господи, јас сум слуга Твој, јас сум слуга Твој и син на Твојата слугинка. Ти ги скрши моите окови. |
17. | Тебе ке ти принесам благодарствена жртва; |
18. | ке ги исполнам заветите мои на Господа пред сиот Негов народ. |
19. | Во предворјето на домот Господов, посреде тебе, Ерусалиме! |
← Psalms (116/150) → |