← Psalms (114/150) → |
1. | Кога Израилот излезе од Египет, домот Јаковов - од ту народ, |
2. | Јудеја стана Божјо светилиште, Израилот област Негова. |
3. | Морето виде и избега; Јордан се врати назад. |
4. | Горите се разиграа како овни, и ритчињата - како јаганца. |
5. | Што ти стана тебе море, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се вракаш? |
6. | Зашто се разигравте, гори, како овни, и вие, ритчиња, како јаганца? |
7. | Трепери земјата пред лицето на Господа, пред лицето на Бога Јаковов, |
8. | Кој камен претвора во водно езеро и карпа - во воден извор. |
← Psalms (114/150) → |