← Psalms (113/150) → |
1. | Фалете Го, слуги Господови, фалете го името на Господа. |
2. | Нека е благословено името Господово отсекогаш и засекогаш. |
3. | Од исток до запад нека се прославува името на Господа. |
4. | Возвишен е над сите народи Господ; Неговата слава е над небесата. |
5. | Кој е како Господ, нашиот Бог, Кој живее во висините, |
6. | и Кој со смиреност гледа на небото и на земјата; |
7. | Кој од прав го издига сиромавиот и од калта го вади бедниот, |
8. | за да го постави со кнезовите, со кнезовите на народот негов. |
9. | Кој неплодната ја вселува в куки како мајка, што се радува ме у многуте деца. |
← Psalms (113/150) → |