← Psalms (112/150) → |
1. | Блажен е оној човек, кој се бои од Господа и кому му се мили Неговите заповеди. |
2. | Неговото потомство ке биде силно на земјата; родот на праведните ке биде благословен. |
3. | Слава и богатство ке има во неговиот дом; и правдата негова ке преуспева вечно. |
4. | На праведните во темнина им изгрева светлина од Добриот и Милостивиот. |
5. | Добриот човек е дарежлив и на заем дава; во судот тој уверливо ке ги потврди зборовите свои; |
6. | и никогаш нема да се разниша; праведниот останува во вечен спомен. |
7. | Од лоши гласови нема да се уплаши; срцето му е спремно, зашто се надева во Господа. |
8. | Срцето му е цврсто: тој нема да се уплаши, кога - годе ке погледне во напријателите свои. |
9. | Тој растура, дава на сиромаси; правдата негова останува вечно; неговиот рог ке се возвиши во слава. |
10. | Грешниот, кога ке го види тоа, ке се јадосува, ке крцка со забите свои и ке се топи. Желбата на грешникот пропа а. |
← Psalms (112/150) → |