← Psalms (111/150) → |
1. | Kе Те славам, Господи, од се срце во советот на праведните и во собранието. |
2. | Големи се делата на Господа, кои се создадени по Неговата воља. |
3. | Неговото дело е слава и великолепие, а правдата Негова вечно ке постои. |
4. | Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ. |
5. | Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој. |
6. | Силата на делата свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незнабожците во наследство. |
7. | Делата на рацете Негови се вистина и суд; и верни се сите заповеди Негови, |
8. | утврдени засекогаш, засновани врз вистина и правда. |
9. | Он му испрати избавување на Својот народ; засекогаш го установи Својот завет. Свето е и страшно името Негово. |
10. | Почеток на мудроста е стравот од Господа; здрав разум имаат сите, кои според неа постапуваат. Похвалата Негова пребива вечно. |
← Psalms (111/150) → |