← Psalms (11/150) → |
1. | На Господа се надевам, зошто да и речете на душата моја: "Одлетај во гората своја како птица?" |
2. | Но ете грешниците, го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце. |
3. | Ти што си направил, тие го разрушија; што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм. |
4. | Господ е на престолот небесни; очите Негови гледаат на сиромавиот, ве ите Негови ги испитуваат синовите човечки. |
5. | Господ го испитува праведникот, а безбожникот, и оној што сака неправда, ја мрази душата своја. |
6. | На грешниците ке пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ке им биде дел во чашата нивна. |
7. | Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ке го гледаат праведниците. |
← Psalms (11/150) → |