← Psalms (109/150) → |
1. | Боже, похвало моја, не премолчувај, |
2. | зашто против мене се отворени грешни и лукави усти; зборуваат со лажлив јазик против мене; |
3. | отсекаде ме опкружуваат со злобни зборови, и без причина се собираат против мене; |
4. | место да ме сакаат, тие стануваат против мене, а јас се молев; |
5. | ми вракаат зло за добро, омраза - за љубов. |
6. | Постави над него грешник, и аволот да застане десно од него. |
7. | Кога ке му се суди, нека биде осуден, и молитвата негова да се прими за грев; |
8. | дните негови да бидат кратки, а неговото достоинство друг да го земе; |
9. | децата негови да останат сираци, а жената му - вдовица; |
10. | децата негови да скитаат и да стана просјаци, изгонети надвор од своите домови. |
11. | заемодавецот да му земе се што има, и ту инци да го разграбаат трудот негов; |
12. | нека нема кој да го заштити, да нема и кој да се смили над сираците негови; |
13. | потомството негово да загине, и да се избрише името негово во следниот род; |
14. | да биде спомнато пред Господа безаконието на татковците негови, и гревот на мајка му да не се очисти; |
15. | тие секогаш да бидат пред очите на Господа, и да се избрише споменот нивни на земјата. |
16. | Зашто не помислил да прави милостиња, туку ги гонеше бедните, сиромасите смирените по срце, за да ги уништи; |
17. | засакал клетва, - па таа нека го постигне: не посакал благослов, - тој нека се оддалечи од него; |
18. | нека се облече во клетва како во облека; и таа нека влезе во него како вода, и како елеј - во неговите коски; |
19. | та да му биде како облека, во која се облекува, и како појас, со кој секогаш се опашува. |
20. | Таква нека биде отплатата од Господа на оние што ме мразат и на оние што лошо зборуваат против душата моја. |
21. | А мене, Господи, Господи, заштити ме заради Твоето име, зашто е блага милоста Твоја; избави ме, |
22. | оти сум беден и сиромав, и срцето мое во мене е збунето. |
23. | Исчезнував како сенка што се оддалечува; ме гонат како скакулец. |
24. | Колената ми изнемоштија од пост, а телото мое поради недостиг од масло. |
25. | Им станав за потсмев; оние што ме гледаат, нишаат со главите свои. |
26. | Помогни ми, Господи, Боже мој, спаси ме поради Твојатао милост. |
27. | и да разберат дека е тоа Твојата рака и дека, Ти, Господи, си го направил тоа. |
28. | Тие проколнуваат, а Ти, пак, благослови; и оние што стануваат против мене нека бидат посрамени, а Твојот слуга да се зарадува. |
29. | Нека се облечат во бесчестие противниците мои и како со облека да се покријат со својот срам, |
30. | и јас со устата моја многу ке го славам Господа и ме у мнозина ке Го прославувам, |
31. | зашто застана од мојата десна страна. За да ја спаси мојата душа од оние што ме гонат. |
← Psalms (109/150) → |