← Psalms (108/150) → |
1. | Подготвено е срцето мое, Боже, подготвено е срцето мое; ке пеам и ке воспевам во славата своја. |
2. | Разбудете се, псалтиру и гусле! Kе станам рано. |
3. | Kе Те славам, Господи, ме у народите; ке Те воспевам ме у племињата, |
4. | зашто повисока од небото е Твојата милост, и до облаците е Твојата вистина. |
5. | Издигни се над небесата Боже, и славата Твоја нека биде по целата земја, |
6. | за да се избават Твоите возљубени; спаси ме со Твојата десница и услиши ме. |
7. | Бог рече во своето светилиште: "Kе се вознесам и ке го разделам Сихем и ке ја измерам долината Сокхот; |
8. | Мој е Галад, Мој е Манасија, Ефрем е застапник на главата Моја, Јуда е Мој цар; |
9. | Моав Ми е чаша на Мојата надеж, врз Едом ке ја испружам обувката Своја, другоплемениците Ми се покорија. |
10. | Кој ке ме воведе во укрепениот град? Кој ке ме доведе до Едом? |
11. | Зар не си Ти, Боже, Кој не отфрли и не излегуваш, Боже, со нашите војски? |
12. | Дај ни помош да се избавиме од маката, зашто човечката заштита е суетна. |
13. | Во Бога ке имаме сила; Он ке ги скрши непријателите наши. |
← Psalms (108/150) → |