← Psalms (107/150) → |
1. | Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова! |
2. | Така да велат избавените од Господа, оние што ги избавил од непријателска рака. |
3. | И ги собра од земјите, од исток и од запад, од север и од морето. |
4. | Тие скитаа по безводната пустиња и нигде пат ниту населен град не најдоа; |
5. | трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив, |
6. | но во жалоста своја Го повикаа Господа, и Он ги избави од нивните невољи |
7. | и го поведе по правиот пат, за да одат кон населен град. |
8. | Нека Го слават Господа за милоста Негова и за чудесата Негови што им ги направи на синовите човечки: |
9. | зашто Он ја насити гладната душа, и душата гладна ја исполни со блага. |
10. | Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо; |
11. | бидејки не се покорија на зборовите Божји и се притивеа на вољата на Севишниот. |
12. | Он го понизи нивното срце во мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. |
13. | Тогаш во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од маките нивни; |
14. | ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни, |
15. | Нека го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, |
16. | зашто Он ги здроби бакарните порти и ги скриши железните резиња. |
17. | Неразумните страдаа поради своите лоши патишта и поради неправдите свои! |
18. | Од секоја храна им се одвракаше душата, и се приближија до вратата на смртта. |
19. | Но во тагата своја повикаа кон Господа, и Он ги спаси од невољите нивни; |
20. | го испрати Своето слово, ги излекува и ги спаси од пропаст. |
21. | Нека Го прославуват Господа за милоста Негова спрема синовите човечки! |
22. | Нека Му принесуваат похвална жртва и нека ги разгласуваат делата Негови со радост. |
23. | Оние што тргнуваат по море на кораби, што имаат работа по големите води - |
24. | тие ги гледаат делата на Господа и чудесата Негови во длабочините. |
25. | Он рече - и настана бурен ветер и високо ги издигна морските бранови; |
26. | се издигаа до небесата, слегуваа до бездната; нивната присебност се губи во невољата; |
27. | тие се збунуваат, се нишаат како пијани, и сета нивна мудрост им исчезнува. |
28. | Тогаш во скрбта своја повикаа кон Господа, и Он ги изведе од маките нивни. |
29. | И и заповеда на бурата и таа се претвори во тивок ветрец и брановите молкнаа. |
30. | Тие се развеселија, зашто стивнаа, а Он ги упати кон нивното сакано пристаниште. |
31. | Нека Го прославуваат Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела спрема синовите човечки! |
32. | Нека Го возвеличуваат со собранието народно и нека Го слават во советите на старешините! |
33. | Он создава реки во пустиња, и водни извори - на суви места, |
34. | земја плодородна - во солница, поради злобата на оние што живеат во неа. |
35. | Он превори пустиња во езеро, а сува земја - во земја - со водни извори; |
36. | таму насели гладни, а тие изградија град за живеење; |
37. | засеаја ниви, насадија лози, и тие им даваат свои плодови. |
38. | Он ги благословуваше, и тие многу се размножуваа, и добитокот нивни Он не им го намалуваше. |
39. | Тие беа проредени и пострадаа од притисокот на злото и од невољата. |
40. | Он изли бесчестие над кнезовите и ги остави да скитаат по пустињата, каде што нема патишта. |
41. | Но бедниот го извлекува од сиромаштија, го умножува родот негов како овчо стадо. |
42. | Праведните го гледаат тоа и се радуваат, а секоја нечесност си ја затвора устата своја. |
43. | Кој е мудар и го пази ова, ке ја разбере милоста Господова. |
← Psalms (107/150) → |