← Psalms (106/150) → |
1. | Славете Го Господа, зашто е благ, зашто Неговата милост е вечна. |
2. | Кој ке ја искаже силата на Господа, кој ке ја извести сета похвала Негова? |
3. | Блажени се оние што го чуваат законот и вршат правда во секое време. |
4. | Сети се на нас, Господи, во благоволението Свое кон Твојот народ; посети не со Твоето спасение, |
5. | за да ги видиме во добрини Твоите избраници, за да се развеселат со веселбата на Твојот народ, за да се пофалат заедно со Твоето наследство. |
6. | Згрешивме ние со татковците наши, правевме беззаконија, вршевме неправда. |
7. | Нашите татковци во Египет не ги разбраа Твоите чудеса, не ги помнеа многуте милост Твои и се побунија кога се приближија до Црвеното Море. |
8. | Но Он ги спаси заради името Свое, за да им ја покаже силата Своја. |
9. | Му се закани на Црвеното Море, и тоа се исуши; и ги преведе по бездните како по пустиња; |
10. | и ги спаси од рацете на оние што ги намразија и ги избави од рацете на непријателите. |
11. | Водите ги покрија нивните непријатели; не остана ниеден од нив. |
12. | И тие поверуваа на зборовите Негови и Му испеаја похвала. |
13. | Но побрзаа, ги заборавија делата Негови, не го дочекаа Неговото решение; |
14. | се занесоа од похотливоста во пустињата, па Го искушуваа Бога во безводната земја. |
15. | Он го исполни нивното барање, он прати пораз за душите нивни. |
16. | Му позавидоа на Мојсеја во логорот и на Арона, светецот Господов. |
17. | Се отвори земјата, го голтна Датан и ја покри дружината Авиронова. |
18. | И пламна оган врз нив, и пламенот ги изгори грешниците. |
19. | Направија теле на Хорив и му се поклонија на идолот. |
20. | Ја заменија својата слава со образ на теле, што јаде трева. |
21. | Го заборавија Бога, својот Спасител, Кој изврши големи дела во Египет, |
22. | чудесни во Хамовата земја, страшни при Црвеното Море. |
23. | И рече дека ке ги истреби, но Мојсеј, Неговиот избраник, се застапи за нив во пукнатината, за да ја отстрани јароста Негова, та да не ги погуби. |
24. | Тие ја презреа саканата земја, не Му веруваа на зборот Негов; |
25. | и роптаа во шаторите свои, не го слушаа гласот Господов. |
26. | Он крена рака против нив, за да ги погуби во пустињата, |
27. | да го расее нивното семе ме у народите и да ги растури по земјите. |
28. | Тие се придружија кон Ваал - Фегор и јадеа жртви, принесувани на бездушните, |
29. | Го дразнеа Бога со делата свои, и на нив падна погибел. |
30. | Но стана Финес и Го умилостиви и поморот престана. |
31. | И тоа му се прими за правда од род во род довека. |
32. | И Го разгневија Бога при водите на расправија, кај Мерива, и Мојсеј настрада заради нив, |
33. | зашто тие го преогорчија духот негов, и тој згреши со устата своја. |
34. | Не ги истребија народите, за кои им беше рекол Господ, |
35. | туку се смешаа со незнабожците и свикнаа на нивните дела; |
36. | им служеа за нивните идоли, а тоа беше соблазна за нив, |
37. | и ги жртвуваа синовите свои и керките свои на бесовите; |
38. | и приливаа невина крв, крвта на синовите свои и на керките свои, што им ги жртвуваа на ханаските идоли, за земјата се извалка од таа крв; |
39. | се осквернија со делата свои, блудствуваа со постапките свои. |
40. | Се разгоре гневот на Господа против Неговиот народ, и Му омрзна налседството Негово, |
41. | па ги предаде во рацете на непријателите и завладеаја над нив оние што ги мразеа. |
42. | Непријателите нивни ги притеснуваа, и тие се смируваа под нивната рака. |
43. | Многупати ги избавуваше, но тие Го лутеа со упорноста своја, па беа понижувани поради своите беззаконија. |
44. | Но Он погледна на нивната жалост, кога ги слушаше нивните молби, |
45. | си спомна на Својот завет со нив, се сожали поради големата милост Своја; |
46. | па разбуди сострадание спрема нив кај оние што ги беа заробиле. |
47. | "Спаси не, Господи, Боже наш, и собери не од незнабожците, за да го славиме Твоето свето име, да се фалиме со Твојата слава! |
48. | Нека е благословен Господ, Бог Израилев, отсекогаш досекогаш! И сите лу е нека велат: Амин! Амин! Алилуја. |
← Psalms (106/150) → |