← Psalms (105/150) → |
1. | Славете Го Господа; призивајте го Неговото име; разгласувајте ги ме у народите делата Негови. |
2. | Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса. |
3. | Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа. |
4. | Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово. |
5. | Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова, |
6. | вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови. |
7. | Он е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја. |
8. | Он вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во иљада родови, |
9. | што му го ветил на Авраама, и заклетвата своја на Исака; |
10. | и му го поставил тоа како закон на Јакова и како вечен завет на Израилот, |
11. | велејки: "Тебе ке ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство." |
12. | Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа, |
13. | па преминуваа од народ во народ, од едно царство кон друг народ; |
14. | никому не му дозволуваше Он да ги навредува и царевите за нив ги караше: |
15. | "Не допирајте се до Моите помазани, на Моиоте пророци не правете им зло!" |
16. | И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре. |
17. | Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф. |
18. | Ги стегнаа во вериги нозете негови; железото ја измачувало душата негова, |
19. | додека се исполни зборот Негов: зборот Господов го оправда. |
20. | Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите и го ослободи. |
21. | Го постави за домакин над домот свој и управител над сиот имот свој, |
22. | за да ги поучува кнезовите според својата воља и старешните негови да ги учи на мудрост. |
23. | Тогаш дојде Израилот во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја. |
24. | Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови. |
25. | Се преврти срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови. |
26. | Го испрати Мојсеја, слугата Свој, и Арона, кого го избра. |
27. | Ти ги покажаа ме у нив зборовите на Неговите знаци и на чудесата Негови во Хамовата земја. |
28. | Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов. |
29. | Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна. |
30. | Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивни. |
31. | Он рече: и нападнаа песји муви и мушички по сите нивни предели. |
32. | Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна, |
33. | и ги уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели. |
34. | Рече и нападнаа скакулци и гасеници безброј; |
35. | и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни. |
36. | И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд. |
37. | Ги изведе Израилците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни. |
38. | Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејки го беше обзел страв од нив. |
39. | Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноке. |
40. | Бараа, и Он им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше. |
41. | Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја, |
42. | зашто се сети на Својот свет збор кон Авраама, Својот слуга. |
43. | па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани - со веселба, |
44. | и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи, |
45. | за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја! |
← Psalms (105/150) → |