← Psalms (104/150) → |
1. | Благословувај Го, душо моја, Господа, Господи, Боже мој, ти си се возвеличил; во слава и велелепие си се облекол; |
2. | Ти си се облекол во светлина како со облека, си го прострел небото како шатор; |
3. | со вода си ги покрил Твоите дворови, облаците си ги направил за да одиш по нив, кога се движиш - ветрот Ти служи како криља. |
4. | Ветровите ги правиш Свои гласници, а слугите Свои огнен пламен. |
5. | Ти си ја поставил земјата на цврсти основи: таа нема да се разниша никогаш. |
6. | Си ја покрил со бездна како со облака, води ке стојат на горите. |
7. | Од Твојата закана тие бегаат, од гласот на Твојот гром се бојат; |
8. | се издигаат горите, се спуштаат долините, на места што си им ги определил. |
9. | Си поставил граница преку која нема да преминат, ниту ке се вратат да ја покријат земјата. |
10. | Си управил извори во долините: ме у горите течат води, |
11. | ги напојуваат сите полски sверови; дивите осли ја гаснат жедта своја. |
12. | При нив живеат птици небесни, ме у камењата пуштаат глас. |
13. | Ти ги напојуваш горите од своите височини, од плодовите на Твоите дела се наситува земјата. |
14. | Ти правиш да расте трева за добитокот и растение за потреба на лу ето, за да произведат леб од земјата |
15. | и виното што го весели срцето на човекот, и елејот од кој блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот. |
16. | Се заситуваат дрвјата по полето, кедрите ливански, што си ги посадил; |
17. | на нив птиците си прават гнезда, елките им се живеалишта на штрковите. |
18. | Високите гори - на срните; камењата - прибежиште на зајаците. |
19. | Он ја создал месечината да ги определува времињата, сонцето го знае својот запад. |
20. | Спушташ темнина, и настанува нок: тогаш излегуваат сите горски sверови; |
21. | лавовите рикаат за плен и бараат од Бога храна за себе. |
22. | Изгрева сонцето, а тие се собираат и легнуваат во своите легла; |
23. | чвекот излегува по своја работи и работи до вечерта. |
24. | Колку се многубројни делата Твои, Господи! Се си направил премудро; земјата е полна со Твои созданија. |
25. | А тоа море е големо и пространо; таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни; |
26. | таму пловат кораби, таму е чудовиштето што си го создал да игра во него. |
27. | Сите тие од Тебе чекаат да им дадеш храна навреме. |
28. | Им даваш - примаат, ја отвораш раката Своја - се наситуваат со блага; |
29. | го одвратиш ли лицето Свое - се збунуваат, им го одземеш ли духот нивни - умираат и во земјата своја се вракаат. |
30. | Го пракаш ли духот Свој - се создаваат; Ти го обновуваш лицето на земјата. |
31. | Нека пребива славата на Господа вечно; нека се весели Господ за делата Свои! |
32. | Погледнува ли кон земјата, и таа се тресе; се допре ли до горите, тие се димат. |
33. | Kе му пеам на Господа преку целиот мој живот, ке му пеам на мојот Бог се додека постојам. |
34. | Нека Му биде мила беседата моја! ке се веселам во Господа. |
35. | Нека ги снема грешниците од земјата, и беззаконици да нема веке! Благословувај Го, душо моја, Господа! Алилуја! |
← Psalms (104/150) → |