← Psalms (103/150) → |
1. | Благословувај Го, душо моја, Господа, и целата моја внатрешност да го благословува Неговото свето име. |
2. | Благословувај Го, душо моја, Господа и не заборавај ги сите Негови добрини, на Оној, |
3. | Кој ги очистува сите твои беззаконија, Кој ги исцелува сите твои болести; |
4. | Кој го избавува од распа ање твојот живот, Кој те овенчува со милост и со добрини. |
5. | Кој ја исполнува со блага твојата желба, како на орел ке се обновува твојата младост. |
6. | Господ им дава милост и суд на сите онеправдани. |
7. | Он му ги покажа Своите патишта на Мојсеја, на Израилевите синови - барањата Свои. |
8. | Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; |
9. | Он не се гневи до крај, ниту вечно се лути. |
10. | Оне не ни направи ништо според нашите безааконија и не постапи според нашите гревови; |
11. | зашто, колку е големо растојанието од небото до земјата, толку е голема милоста на Господа спрема оние што се бојат од Него; |
12. | колку е далику исток од запад, толку ги оддалечил Он од нас нашите беззаконија; |
13. | како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. |
14. | Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека сме земја. |
15. | Дните на човекот се како трева; како полски цвет, така прецутува тој; |
16. | ке дувне ли над него ветар, и веке го нема, и местото веке нема да се познава |
17. | А милоста на Господа е од век до век спрема оние, кои се бојат од Него, |
18. | и правдата Негова е од синовите на синовите, кои го чуваат заветот Негов и ги помнат заповедите Негови, за да ги исполнуваат. |
19. | Господ го поставил Својот престол на небото, и царството Негово владее над се. |
20. | Благословувајте Го Господа - сите ангели Негови крепки по сила, кои го извршуваат Неговиот збоар, слушајки го гласот од зборот Негов; |
21. | благословувајте Го Господа - сите Негови војски, Негови служители, кои ја испонувате вољата Негова; |
22. | благословувајте Го Господа сите Негови дела, по сите места на Неговото владеење. Благословувај Го, душо моја, Господа! |
← Psalms (103/150) → |