← Psalms (102/150) → |
1. | Господи, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе! |
2. | Не одвракај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во деност, кога Те повикувам, услиши ме бргу, |
3. | зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои се исушија како суварки; |
4. | попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавив и лебот свој да го јадам; |
5. | од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое. |
6. | Заприлегав на несит во пустиња; станав како був во урнатини; |
7. | не спиев, седев како самотна птица на покрив. |
8. | Секој ден ме навредуваа непријателите мои, и фалејки се, ме проколнуваа. |
9. | Јадев пепел како леб и пијалокот свој со солзи го растворав. |
10. | Поради гневот и јароста од лицето Твое бев воздигнат и соборен. |
11. | Дните мои исчезнуваа како сенка и јас се исушив како сено. |
12. | А Ти, Господи, вечно пребиваш; и споменот за Тебе е од род во род. |
13. | Кога ке станеш, ке се смилуваш на Сион, зашто време е да се смилуваш на него - зашто дојде времето; |
14. | бидејки на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат. |
15. | Незнабожците ке се заплашат од името на Господа, а сите земни цареви - од Твојата слава. |
16. | Зашто Господ ке го изгради Сион и ке се појави во славата Своја; |
17. | ке погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молибите нивни. |
18. | Нека се запише ова за следниот род, и идното поколение што ке Го слави Господа, |
19. | зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата, |
20. | за да ги чуе офкањата на окованите, да ги ослободи синовите од смртта, |
21. | за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Ерусалим, |
22. | кога ке се соберат народите и царствата заедно да му служат на Господа. |
23. | Он ми ја откажа заштитата Своја на патот мој, ме извести дека ги скратува дните мои. |
24. | Боже мој! Не земај ме на половината од деновите мои. Твоите години се од род во род. |
25. | Во почетокот Ти, Господи, ја основа земјата, небесата се дело на Твоите раце; |
26. | тие ке пропаднат, а Ти ке пребиваш; сите тие - како облека ке оветвеат, и како наметка Ти ке ги свиткаш, и ке се изменат; |
27. | но Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат. |
28. | Синоивте на Твоите слуги ке се веселат и потомството нивно ке се зацврсти за навек. |
← Psalms (102/150) → |