← Psalms (101/150) → |
1. | Со песна ке го прославам милоста и судот, Господи. |
2. | Kе Ти пеам и ке размислувам за патот непорочен: кога ке ми пријдеш? Среде мојот дом одев со чисто срце. |
3. | Не ставив пред очите мои ништо незаконски; престапите ги мразам. |
4. | Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакав да знам. |
5. | Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; со оној, што е со горделиви очи и ненаситно срце, не јадев. |
6. | Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат со мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше. |
7. | Не живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои. |
8. | Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие. |
← Psalms (101/150) → |