← Psalms (10/150) → |
1. | Зошто Господи се оддалечуваш и не сакаш на неволните во право време да им помогнеш? |
2. | Кога нечесниот се разбесува, ги мачи бедните бездушно, и тие па аат во замките негови. |
3. | Бидејки грешникот се гордее со желбата на душата своја и одбива да биде благословен. |
4. | Грешникот го дразни Господа, за многуте негови гревови, вели, дека Он не истражува: нема Бог пред него. |
5. | Патиштата негови се секогаш криви, а судовите Твои се многу високи, за да мисли на нив, и така над непријателите се гордее. |
6. | И во срцето свое си вели: нема да минувам од род во род без зло. |
7. | Устата му е полна со клетви, измами и навреди; под јазикот негов тежина и пропаст. |
8. | Седи во заседа со богати, потајно убива невини, очите негови демнат бедни. |
9. | Седи скришум како лав во пештера, со намера да фати беден, и кога ке фати, го сплетува во својата мрежа. |
10. | Се смирува, прилегнува и тогаш бедниот па а совладан. |
11. | па вели во срцето свое: Бог заборавил, го свртел лицето свое за да не го види крајот. |
12. | Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш бедните Твои. |
13. | Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели - Бог не изпитува? |
14. | Но ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник. |
15. | Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде безбожноста негова. |
16. | Господ е вечен цар, во сите времиња; ке ги снема народите од земјата Негова. |
17. | Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое! |
18. | Дај правда на сиракот и на смирениот, па да престане човекот на земјата да задава страв. |
← Psalms (10/150) → |